24фудбал

Гачевски најде нов клуб, во новата сезона ќе брани за Енозис

Поранешниот голман на Вардар, Филип Гачевски потпиша едногодишен договор со кипарскиот клуб Енозис.

Македонија

Енозис го претстави Филип Гачевски како ново засилување, тој денеска треба да се приклучи на тренинзите на новиот клуб.

Гачевски има и словенечко државјанство па таму ќе биде регистриран како Словенец со цел да не ја загрозува квотата на играчи надвор од ЕУ.

Гачевски од 2015 година беше член на Вардар, голманот ја носеше и капитенската лента на црвено-црните но поради актуелната лоша ситуација во шампионот реши да земине од клубот и да побара ангажман во странство.