24фудбал

Шкендија без проблеми се справи со Беласица, Силекс загуби во Струга

И по пет одиграни кола Беласица не освои бод, овој пат во Струмица беше убедливо поразена од Шкендија со 3-0, Струга го симина Силекс од врвот откако го победи со 2-0.

Македонија

50 минути траеше отпорот на Беласица кон нападот на Шкендија, а тогаш Тотре погоди за водство на тетовскиот тим од 1-0.

Во финишот од мечот, во 83. и 86. минута, Бесарт Ибраими постигна два гола за победа на Шкендија од 3-0 со која сега е осамена на врвот барем до утре кога Шкупи го игра својот меч.

Силекс го доживеа првиот пораз, кратовскиот тим беше немоќен во Струга каде домаќините победија со 2-0.

Нововлезените Лена и Миленковски, постигнаа голови во финишот кој на Струга Трим Лум им донесоа три бода против квалитетен противник.

Утре се играат преостанатите четири натпревари, Вардар - Шкупи, Ренова - Работнички, Пелистер - Македонија ЃП и Борец - Академија Пандев.

Фото: ФК Шкендија