24фудбал

Официјално: Жута потпиша за Лече

Македонскиот фудбалер Леонард Жута направи голем трансфер, стави потпис со италијанскиот клуб, Лече.

Македонија

Во новата сезона ќе имаме и претставник во Серија Б откако Леонард Жута стави потпис на договор со Лече.

„Лече информира дека потпиша двегодишен договор со Леонард Жута со можност за продолжување на соработката на уште една година“, се вели во соопштението на клубот.

Жута кој е роден во Шведска има 15 настапи за македонската сениорска репрезентација, а играше и за младинската селекција.

Левиот бек сениорската кариера ја почна во Хакен, каде беше и во младинските категории, а најмногу настапи има за Ријека каде беше од 2015 до 2018 и заедно со Стефан Ристовски беше дел од шампионската генерација на хрватскиот тим.