24фудбал

„Тајмс“ најавува трансфер бомба: Мбапе го известил ПСЖ дека си оди, сака преселба во Ла Лига или Премиерлига

Според пишувањата на „Тајмс“, Килијан Мбапе го известил раководството на ПСЖ дека си оди по крајот на сезоната, Французинот сака трансфер во Ла Лига или Премиерлига.

Франција

Весникот, кој ретко се бави со шпекулации и има прилично точни информации, најавува трансфер бомба која треба да се случи летото во 2021 година. Килијан Мбапе го известил раководството на ПСЖ дека си оди по крајот на сезоната.

За Французинот често има гласини низ медиумите, тој е голема желба на Флорентино Перез и Реал Мадрид, но „светците“ одбиваа да се разделат со својата млада ѕвезда.

Сепак, следното лето ќе имаат малку адути со оглед на тоа дека Килијан Мбапе ќе има само уште една година од договорот и тоа ќе им биде последна шанса убаво да заработат од негова продажба.

„Тајмс“ додава дека напаѓачот сака кариерата да ја продолжи во Ла Лига или Премиерлигата.