24фудбал

Манчестер Сити и ПСЖ немаат уште многу време да го купат Кулибали, Наполи постави ултиматум

Ако Манчестер Сити или ПСЖ не успеат да постигнат договор со Наполи за ангажман на Калиду Кулибали до крајот на оваа недела, италијанскиот клуб ќе го повлече од продажба.

Италија

Манчестер Сити е лидер во трката по Кулибали, но интерес има и од ПСЖ. Англискиот клуб е подготвен да одвои 70 милиони евра, но Наполи бара најмалку 75.

Но тоа се само шпекулации на италијанските медиуми, двата клуба се уште не комуницирале директно за трансфер на Кулибали, сите разговори се водат преку агентот Фали Рамадани.

Новата сезона во Серија А почнува во недела, и се верува дека до тогаш заинтересираните имаат рок да го купат Кулибали.

Тој има уште три години од договорот со Наполи, Гатузо сака да остане, па клубот нема потреба да брза да го продаде.