24фудбал

Заврши состанокот помеѓу Интер и агентите на Лаутаро: Барселона или Реал Мадрид? Останува во Интер

Заврши состанокот помеѓу директорите на Интер и агентите на Лаутаро Мартинез, на излегување од канцелариите, Бето Јаке изјави дека фудбалерот останува на „Џузепе Меаца“.

Италија

Лаутаро Мартинез останува во Интер, ова го изјави неговиот агент по средбата со раководството на „нероаѕурите“.

Изминатиов викенд, агентите на Лаутаро Мартинез беа во Барселона, а според Спортмедиасет, на пат кон Милано застанале и во Мадрид на средба со Реал на која наводно паднал договор.

Се најавуваше дека на состанокот со Интер ќе бидат презентирани понудите од двата гиганти од Шпанија и ќе се разговара за трансфер, но играчот нема да го напушти Милано.

На излегување од канцелариите, Бето Јаке разговараше со медиумите и порача: „Нема ништо со Барса и Реал. Лаутаро останува“.

Според добро упатениот Ди Марцио, по завршувањето на преодниот рок, Интер и агентите одново ќе седнат на маса да разговараат за нов договор на Аргентинецот и поголема плата.