24фудбал

Милик на чекор до Рома, Џеко на пат за Јуве, што ќе биде со Суарез?

Наполи и Рома се пред договор за трансфер на Милик, што ќе овозможи Џеко да премине во Јувентус кој веќе го загуби трпението со Суарез чија иднина се уште е нејасна.

Италија

Според речиси сите поголеми италијански медиуми, Аркадиуз Милик е на чекор до трансфер од Наполи во Рома, двата клуба ги финишираат преговорите кои ќе завршат позитивно.

Се верува дека сумата која ќе ја плати Рома за Милик е околу 24-25 милиони евра плус 4-5 милиони евра во бонуси.

Со доаѓањето на Милик Рома ќе го реши прашањето за напаѓач, по што Џеко ќе може да се пресели во Јувентус од кој има интерес.

Јувентус за Џеко ќе плати 12 милиони евра плус бонуси. Пирло побара итно да добие напаѓач, а Суарез не е ни блиску до заминување од Барселона во моментов, па се чини дека Јуве веќе нема да го чека и ќе оди на варијатна со Џеко.

Суарез одбива да го раскине договорот со Барселона доколку клубот не му ја исплати платата и за преостанатата година од договорот.

Барса не се согласува со тоа и му се закани дека сезоната ќе ја помине на трибини.