24фудбал

Барса нема пари за Лаутаро, на Камп Ноу пристигнува Депај

Мемфис Депај ќе биде новата 9-ка на Барселона, Холанѓанецот ќе се пресели на Камп Ноу во трансфер вреден 25 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Шпанија

До крајот на неделата, Мемфис Депај ќе стане ново засилување за Роналд Куман, ова го пренесе холандскиот весник „Де Телеграф“. Барселона и Лион постигнале договор за трансфер вреден 25 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Лаутаро Мартинез беше прва желба на „каталонците“ но коронавирус кризата и огромната дупка во буџетот ја направи оваа зделка невозможна. Интер за услугите на Аргентинецот бара 90+ милиони евра, сума која Барса не може ниту пак сака да ја плати.

Па Мемфис Депај ќе биде новата 9-ка на Барселона, играч кој Роналд Куман добро го познава и го побара како засилување откако седна на тренерското столче на Камп Ноу.