24фудбал

Изјавата на Вернер за дефанзивците во Премиерлигата е хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Тимо Вернер синоќа го имаше своето премиерлигашко деби, по натпреварот тој направи интересна споредба со Бундеслигата.

Англија

Вернер не постигна гол на своето деби во Англија, но врз него беше направен пеналот по кој Челси поведе со 1-0.

Во изјавата по крајот на мечот, Вернер најмногу се фокусираше на физичкиот изглед на дефанзивците.

„Никогаш не сум играл против тројца дефанзивци толку високи, толку големи, масивни дефанзивци“, изјави Вернер. 

Неговото мислење веднаш стана хит на социјалните мрежи и изнуди смеење.