24фудбал

Фудбалер на Хамбургер се качи на трибините да се пресмета со навивач (ВИДЕО)

Стоперот се чини дека подолг период добивал провокации од страна на навивачот на Динамо Дрезден по што го загуби трпението, меѓутоа, како и да е, ова е потег кој не е оправдан.

Германија

Тони Лајстнер за момент се најде во центарот на вниманието во фудбалска Германија, но и пошироко од тоа, откако фудбалерот на Хамбургер мораше да се извинува јавно поради тоа што го стори на вчерашниот меч за својот тим.

Хамбургер загуби убедливо кај Динамо Дрезден со 4-1 во рамките на Купот на Германија, а ова беше гостување на Лајстнер кај неговиот поранешен клуб, па за момент ги загуби нервите и тргна да се пресмета со навивач на домаќините, откако претходно добил навреди по неговото семејство.