24фудбал

Вернер неизвесен за дербито со Ливерпул?

Ист е случајот и со фудбалерот кој освен што постигна гол, реализираше и една асистенција, Жоржињо не е целосно подготвен, за што и самиот Лампард потврди по мечот.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Челси, Франк Лампард се надева дека големото засилување Тимо Вернер ќе биде подготвен за идниот предизвик на тимот, пресметката на домашен терен против шампионот Ливерпул, откако германскиот напаѓач се здоби со повреда од гостувањето кај Брајтон синоќа.

Челси славеше со 1-3 синоќа и тргна со победа во новата сезона од Премиерлигата, а Вернер изнуди пенал за гостите кој во гол го претвори Жоржињо, за почетно водство на фаворитот кој на крајот ги обезбеди посакуваните три бода.

Како и да е, иако го одигра целиот меч, забележително беше дека по контактот со голманот Метју Рајан се здоби со повреда, за што можеше да се увиди и во неговото движење, но Лампард изрази надеж дека повредата не е од посериозен карактер.

Се повреди во моментот кога го изнуди пеналот, ние се надеваме дека ова не е повреда од посериозен карактер, се надевам дека имаме доволно време да го вратиме во целост подготвен за мечот против Ливерпул“ рече Лампард по мечот.

Големи се очекувањата Вернер во нападот да биде партнер со Кристијан Пулишиќ, кој по рехабилитацијата од повредата и повеќе од веројатно е дека ќе биде во комбинација за дуелот со Редсите претстојниот викенд.