24фудбал

Се поврзуваше со големи клубови, на крајот потпиша нов петгодишен договор со Астон Вила

Ѕвездата на Астон Вила, Џек Грилиш стави потпис на нов петгодишен договор со клубот иако во летниот преоден рок се поврзуваше со сериозни трансфери.

Англија

Џек Грилиш преку младинските школи на Астон Вила стигна до првиот тим, тој е капитен на екипата и главна ѕвезда.

Силно со поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, но тоа нема да се случи. Тој денеска стави потпис на нов петгодишен договор со Астон Вила.

„Среќен сум што потпишав нов договор со Вила. Ова е мој клуб, мој дом и многу сум срќеен тука“, изјави Грилиш.