24фудбал

Вардар против Вардар во Купот на Македонија

Денеска е извршена ждрепката за Купот на Македонија, 24 екипи ги добија своите противници, Вардар ќе игра против Вардар Форино.

Македонија

Денеска беше извршена ждрепката за 1/16 финалето од Купот на Македонија, полуфиналистите од минатата сезона одат директно во осминафиналето, а останатите ќе имаат меч за да стигнат дотаму.

Вардар му гостува на клуб со исто име, Вардар Форино ќе го пречека актуелниот шампион на Македонија.


Двојките за 1/16 финале:

Слога Виница – Шкупи

Вардар Форино – Вардар Скопје

Охрид – Ренова

Лабуништа Тетекс – Силекс

Кит Го – Скопје

Победа – Македонија ЃП

Љуботен – Пелистер

Каменица Саса – Борец

Гостивар – Тиквеш

Влазерими – Работнички

Велешта – Кожуф

Росоман – Беласица