24фудбал

Крај на сите дилеми, Обамејанг потпиша нов договор со Арсенал

Ѕвездата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг денеска стави потпис на нов тригодишен договор со лондонскиот клуб со што стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.

Англија

Обамејанг силно се поврзуваше со заминување од Арсенал, тој влегуваше во последната година од договорот и не беше задоволен од амбициите на клубот.

Но работите се променија по доаѓањето на Артета, тој го убеди дека Арсенал ќе има добар тим и амбиции за трофеи, а во меѓувреме беше освоен и ФА Купот, па Обамејанг донесе одлука да остане.

Денеска тој стави потпис на нов тригодишен договор со Арсенал и ја загарантира иднината во тимот од Северен Лондон.

Според некои англиски медиуми, платата на Обамејанг со новиот договор ќе биде 250.000 фунти неделно.

„Потпишувањето за овој посебен клуб никогаш не било доведено во прашање. Им благодарам на нашите фанови, на моите соиграчи, мојата фамилија и сите во клубот што се чувствувам дека припаѓам тука. Верувам во Арсенал. Заедно можеме да оствариме големи цели. Имаме нешто возбудливо тука и верувам дека најдоброто од Арсенал допрва доаѓа“, вели Обамејанг.