24фудбал

Мурињо анализира брутално добро, детално точно предвиде каков пас ќе направи Погба до Рашфорд! (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави исечок од документарецот за Тотнем кој треба наскоро и официјално да излезе. Во ова видео Жозе Мурињо има едно исклучително точно предвидување.

Англија

Видеото е анализа од пред натпреварот меѓу Тотнем и Манчестер јунајтед. Мурињо на своите фудбалери им кажува како и од каде Погба може да го проигра Рашфорд. 

Истиот пас што им го покажа на фудбалерите на Тотнем во соблекувалната, се случи и на натпреварот.