24фудбал

Ништо од трансфер во Торино, Суарез решил да се повлече од договорот со Јувентус

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Луис Суарез нема да се пресели во Торино, Уругваецот решил да се повлече од договорот со Јувентус и ќе чека понуди од други клубови.

Шпанија

Со денови се најавуваше дека Луис Суарез ќе направи трансфер во Јувентус, наводно двете страни си имале подадено рака за тригодишна соработка и плата од 10 милиони евра по сезона.

За да ги забрза работите, „старата дама“ се сложи да плати 3+9 милиони, па Уругваецот требаше уште да се договори со Барселона за условите под кои ќе се разделат, и да полага тестови за италијански пасош.

Сепак, ваков трансфер нема да случи. Според „Радио Каталонија“, Луис Суарез решил да се повлече од договорот со Јувентус. Бирократската процедура за добивање пасош нема да биде комплетирана до 6. октомври кога завршува трансфер пазарот, па тоа ги комплицира работите.

Луис Суарез сега чека понуди од други клубови, претходно се споменуваше дека Атлетико Мадрид пројавува интерес.