24фудбал

Деле Али оди во Реал Мадрид како дел од трансферот на Бејл?

Тотнем го нуди Деле Али на Реал Мадрид, тој треба да даде тежина во понудата за ангажман на Герет Бејл кој сака да се врати во Северен Лондон.

Шпанија

Тотнем е пред два сериозни трансфери од Реал Мадрид, на пат кон Англија се Регилон и Бејл.

Се пишува дека трансферот на Регилон е завршена работа, останува уште да бидат поминати формалностите и договорот да биде потпишан.

А во напредна фаза се и преговорите за Герет Бејл.

„Дејли Мејл“ пишува дека Тотнем на Реал Мадрид му го нуди 24-годишниот Деле Али кој важи за фудбалер со големи квалитети, но има и проблематичен карактер.

Се верува дека и Бејл и Деле Али би биле на позајмица во првата сезона со опција и комплетно да бидат откупени.

Предност на Тотнем во однос на останатите е и Жозе Мурињо кој има добар однос со Флорентино Перез.