24фудбал

Арсенал добил понуда од Барселона за Обамејанг, интерес имало и од Интер

Арсенал успеа да го убеди Обамејанг да потпише нов договор со клубот и да се одбрани од налетите на големите клубови кои се интересираа за неговиот потпис.

Англија

Обамејанг беше влезен во последната година од договорот со Арсенал и нејасна беше неговата иднина се до вчера кога официјално ја продолжи соработката со англискиот клуб за уште три години.

Сега излегоа информации од англиските медиуми за конкретен интерес на некои гиганти.

„Скај Спортс“ информира дека Барселона испратила и конкретна понуда до Арсенал за Пјер Емерик Обамејанг, но раководството на клубот ја одбило.

Интерес имало и од Интер кој ги разгледуваше опциите за напаѓач во случај Лаутаро Мартинез да го напуштеше клубот.

Тренерот Микел Артета и техничкиот директор Еду успеале да го убедат Обамејанг дека најдобро за него е да продолжи во Арсенал.