24фудбал

Баерн нема намера да го купи Брозовиќ, Хрватот не бил доволно добар

Баерн Минхен нема намера да го купи Марцело Брозовиќ од Интер, раководството на „баварците“ смета дека Хрватот го нема потребниот квалитет за настап во „црвениот“ дрес.

Германија

Се пишува дека Марцело Брозовиќ е еден од играчите кои Интер ги ставил на продажба за да се приберат средства за нови засилувања, Хрватот се поврзува со неколку клубови а еден од нив е Баерн Минхен.

Сепак, од Германија пристигнува информација дека „баварците“ немаат намера да го купат фудбалерот од средниот ред.

Како што пренесува новинарот Кристијан Флик, раководството на Баерн смета дека Марцело Брозовиќ не е доволно добар, односно го нема потребниот квалитет за настап во „црвениот“ дрес.