24фудбал

Алиоски со гол во 93. минута го однесе Лидс во пенал серија, а потоа промаши од белата точка, Хал оди понатаму (ВИДЕО)

Лидс е елиминиран од Лига Купот на Англија откако по една долга пенал серија загуби од Хал, Алиоски од херој се претвори во трагичар.

Англија

Биелса настапи главно со играчи кои не играат против Ливерпул, па Алиоски доби шанса од првата минута и го одигра целиот меч.

Хал водеше со гол на Вилкс уште од петтата минута, овој резултат беше актуелен се до судиското продолжение. Кога се чинеше дека тие ќе победат во регуларниот дел, Алиоски постигна гол во 93. минута за конечни 1-1.

Следуваа пенали, Алиоски беше втор изведувач и не успеа да погоди. Пеналите имаа дури десет серии, на крајот промаши уште еден играч на Лидс, Шаклтон по што можеше да почне радоста на Хал.