24фудбал

Герет Бејл се враќа во Тотнем, фалат уште детали за трансферот да биде комплетиран

Тотнем и Реал Мадрид се многу блиску до договор за трансфер на Герет Бејл, фудбалерот веќе ги известил соиграчите дека се враќа во Англија, чека само зелено светло за да одлета во Лондон.

Англија

Новинарот на „Скај Спортс“, Фабрицио Романо вели дека Тотнем и Реал Мадрид се многу блиску до договор за трансфер на Герет Бејл, остануваат уште ситни детали да се прецизираат за трансферот да биде комплетиран.

Герет Бејл веќе ги известил соиграчите дека се враќа во Тотнем, и тоа ќе се случи во наредните денови.

Неговиот агент, Барнет за „Би-Би-Си“ потврди дека Герет Бејл е најблиски до заминување од Реал Мадрид од било и кога да е. Тој очекува трансферот наскоро да биде комплетиран.

Герет Бејл притиска да се случи трансферот, тој веќе неколку пати се слушнал со Мурињо и му кажал дека сака да се врати во Тотнем.

Бејл чека само зелено светло од Реал Мадрид, по што со приватен авион ќе замине во Северен Лондон да го комплетира трансферот.