24фудбал

Последната одлука на Мурињо со Али отвори безброј дилеми, „воспитна“ или трансфер во Реал Мадрид?

Војната помеѓу Деле Али и Жозе Мурињо доби нова димензија, меѓутоа останува отворено прашањето дали Англичанецот и дефинитивно во неделата го одигра последниот меч за Спарси сезонава.

Англија

Жозе Мурињо го изостави Деле Али од денешниот гостински натпревар кај Локомотив Пловдив во Бугарија, во рамките на Лига Европа, а оваа одлука на португалскиот фудбалски стратег остави безброј дилеми.

Медиумите веќе објавија дека Али е дел од договорот помеѓу Тотнем и Реал Мадрид за враќањето на Герет Бејл во Лондон, меѓутоа, постои и можност ова да биде еден вид „воспитна“ за фудбалерот кој имаше бледо издание минатиот викенд во воведното коло од Премиерлигата.

Али беше повлечен од игра во поразот од Евертон на свој терен уште по првите 45 минути игра, а Мурињо јавно ги прозва своите избраници нарекувајќи ги мрзеливи, а одлуката со Али ја оправда поради тактички замисли.

Како и да е, Бејл наводно се договорил со Тотнем на едногодишна соработка која ќе вреди повеќе од 13 милиони фунти, зделка во која дел ќе финансира и Реал Мадрид.,