24фудбал

Ливерпул и Баерн Минхен ќе си подадат рака, Тиаго Алкантара се сели на Енфилд

Трансферот на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен во Ливерпул е пред реализација, црвените ќе ја платат сумата која ја бараат Баварците.

Англија

Новинарот на „Скај Спортс“, Фабрицио Романо тврди дека Ливерпул и Баерн Минехн се многу блиску до договор за трансфер на Тиаго Алкантара.

Баерн Минхен бара 30 милиони евра и нема намера да направи отстапка. Ливерпул ќе ја плати таа сума откако Јирген Клоп го притиснал раководството да му го донесат Алкантара.

Алкантара веќе ги има договорено личните услови со Ливерпул.

Претходно се веруваше дека ангажманот на Алкантара ќе зависи од иднината на Вајналдум кој се поврзуваше со Барселона. 

Како и да е, Ливерпул одлучи да го ангажира Тиаго без разлика на ситуацијата со Вајналдум кој влезе во последната година од договорот.