24фудбал

Тренерот на Шефилд до Бејл: Остани во Мадрид, таму имаш одлични терени за голф

Се верува дека недостасуваат само ситни детали за трансферот, односно враќањето на Бејл во Тотнем и конечно да се официјализира, меѓутоа не баш секој тренер во Премиерлигата посакува такво сценарио.

Англија

Герет Бејл се поврзува со враќање во Тотнем, а медиумите веќе објавија дека постигнат е договор околу оваа можност со Реал Мадрид, некои навестуваат дека како дел од зделката ќе биде и Деле Али кој ќе го облече дресот на Кралевите.

Како и да е, веројатно е дека на повеќе тренери во Премиерлигата не би им се допаднал фактот да го имаат Велшанецот како ривал на своите екипи, па таков е случајот и со шефот на стручниот штаб на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер кој даде мошне интересна изјава на оваа тема.

Пред неколку години кога за прв пат влеговме во Премиерлигата јас јавно порачав дека на Еден Азар ќе му помогнам на аеродромот за конечно да се дефинира неговиот трансфер во Реал Мадрид“ вели Вајлдер на шега.

Се надевам дека Герет ќе остане во Мадрид, тоа е едно навистина прекрасно место, има одлични терени за голф, така нека не ни отежнува нам, доколку може...“ се пошегува тренерот на Шефилд Јунајтед, алудирајќи на големата пасија на Бејл во однос на играњето голф.