24фудбал

Покетино гледал само 25 минути од документарецот за Тотнем: Тоа доволно говори за причината...

Се чувствува разочараност во изјавата на аргентинскиот фудбалски стратег кој Тотнем го одведе и до финале од Лигата на шампионите каде на крајот беше сопрен од Ливерпул.

Англија

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Тотнем, Маурицио Покетино признава дека нема намера да го одгледа сиот документарец посветен за клубот од Лондон, а со наслов „Сеили ништо“, во кој лимитирано е изданието во периодот кога тој беше тренер.

Покетино си замина од Тотнем, и тоа заедно со својот долгогодишен асистент Жесус Перез, Аргентинецот не крие дека гледал само 25 минути од серијалот во девет епизоди, а фокусот е ставен на минатата сезона, почнува токму со неговата разделба со клубот.

Јас и Жесус Перез ги гледавме само првите 25 минути, додека не си заминавме од клубот. Гледавме, и да бидам искрен, себеше коректно, ни помалку, ни повеќе...“ вели Покетино.

Искрено, имавме голема одговорност на себе бидејќи беше навистина тешко да се каже ДА за отворање на вратата за Амазон, кој дојде во Тотнем во еден навистина тежок и комплициран период за нас“ додава тој, а потоа конкретно посочи дека сево ова доволно говори за причините зошто со својот асистент си заминале.

Секако, чувствувам жалење за Жесус бидејќи тој одвои голем период за да помогне сево ова да излезе како што треба, имаше голем удел во тоа Амазон да работи со фудбалерите, стручниот штаб и се останато. Да бидам искрен, по 25 минути гледање на документарецот, мислам дека Жесус само еднаш се појави со мене, ОК, пет и пол години во клубот, а ние бевме само во еден дел од сценариото во 25 минути, сето тоа доволно говори зошто го напуштивме клубот“ подвлекува Аргентинецот кој на крајот искажа разбирање за ситуацијата.

Како и да е, имам разбирање, тоа е документарец кој првично го става клубот на добро место, клубот сигурно нема да ја отвори вратата за Амазон да креира проблем по документарецот“ заклучи Покетино.