24фудбал

Бејл и Регилон утре летаат за Лондон да ги комплитираат трансферите во Тотнем

Герет Бејл и Серхио Регилон денеска ги поминуваат медицинските тестови во Мадрид, а утре со приватен авион ќе одлетаат во Лондон каде ќе ги завршат сите детали околу трансферите.

Англија

Трансферот на Регилон е договорен, а преговорите околу ангажманот на Герет Бејл се финализираат. Иако се уште треба да се испеглаат одредени детали, Велшанецот денеска во Мадрид ги поминува медицинските тестови бидејќи сите страни веруваат дека договор ќе биде постигнат.

Планот е Герет Бејл и Серхио Регилон утре со приватен авион да отпатуваат во Лондон и да стават потписи на договори со Тотнем.

Бејл ќе оди во Тотнем на едногодишна позајмица, додека Регилон ќе потпише перманентен договор за сума од 30 милиони евра но и со клаузула според која Реал Мадрид може да го врати на Сантијаго Бернабеу во наредните две години за околу 40 милиони евра.