24фудбал

Шкендија го победи Ботошани, Жозе Мурињо повторно доаѓа во Скопје

Шкендија со гол на Бесарт Ибраими со 1-0 го победи Ботошани во Романија и во следното квалификациско коло ќе игра против Тотнем кој со 2-1 го победи Локомотив во Пловдив.

Лига Европа

Шкендија со голема победа се враќа од Романија, го победи Ботошани со 1-0 со убав гол на Бесарт Ибраими уште во втората минута од натпреварот.

Ботошани напаѓаше да израмни, но Шкендија одлично се бранеше. Македонскиот тим во 67. минута остана со играч помалку откако Алими доби втор жолт картон.

Нападите на домаќините дополнително се засилија, но Захов и одбраната на Шкендија беа на висина на задачата и ја сочуваа својата мрежа.

Во следното квалификациско коло Шкендија ќе игра против Тотнем, Жозе Мурињо по Супер Купот на Европа уште еднаш ќе дојде во Скопје.

Тотнем славеше многу тешка победа во Пловдив, го победи Локомотив со 2-1 но имаше и негатива во финишот од мечот.

Локомотив со гол на Минчев во 71. минута поведе со 1-0. Брзо потоа домаќините остана со играч помалку, а Кејн реализираше пенал во 80. минута за 1-1.

Во 83. минута уште еден играч на домаќините беше исклучен, Алмеида реагираше како голман на гол линијата со рака спречи Тотнем да даде гол. Две минути подоцна Ндбомбеле погоди за победа на Тотнем од 2-1.