24фудбал

Конечно падна договор: Милик во Рома, Џеко во Јувентус

Голем број на извори од Италија пренесуваат дека се испеглани деталите за трансфер на Аркадиуш Милик во Рома и преселба на Един Џеко во Јувентус.

Италија

Зделката која се најавуваше со денови, конечно е пред реализаиција. Голем број на извори од Италија пренесуваат дека се испеглани сите детали за трансфер на Аркадиуш Милик во Рома и преселба на Един Џеко во Јувентус.

Полјакот ќе го обнови договорот со Наполи до 2022 и ќе се пресели во Рим на позајмица со обврска во целост да биде купен за трошоците да се распределат на две години, трансферот ќе изнесува 18 милиони, плус додатни 7 милиони во бонуси. Напаѓачот го чека договор со плата од 5 милиони евра годишно.

Со пристигнувањеот на Аркадиуш Милик на Олимпико, се отвара простор за Един Џеко да се пресели во Јувентус.

Се говори дека Босанецот ќе направи трансфер во Торино вреден 15 милиони евра и ќе добие двегодишен договор и плата од 7,5 милиони евра по сезона.