24фудбал

Николов го однесе МОЛ Фехервар во следното квалификациско коло од ЛЕ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов беше стрелец на единствениот гол на мечот меѓу Хибернианс и МОЛ Фехервар со кој унгарскиот тим се пласира во следното квалификациско коло.

Лига Европа

Клучниот момент се случи во 61. минута, Николов се најде на вистинското место и ја протна топката во мрежата на Хибернианс.

Не беше само Николов од македонските репрезентативци кои даде допринос во победата на МОЛ Фехервар, 90 минути на високо ниво одигра и Муслиу.