24фудбал

Герет Бејл за денеска има закажано партија голф со претседателот на Тотнем, Даниел Леви (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави фотографија од закажан термин за голф на Герет Бејл, Даниел Леви и Стив Хачин.

Англија

Герет Бејл во изминатите години стана познат по неговата пасија кон голфот. Голем дел од слободното време во Мадрид го користеше за да игра голф.

Во Тотнем веројатно сметаа дека нема подобар начин да се пречека Герет Бејл од тоа да се одигра партија голф со него.

Па на социјалните мрежи излезе информација дека голф термин имаат закажано Герет Бејл, претседателот на Тотнем Даниел Леви и скаут шефот Стив Хичен.

Герет Бејл денеска треба да пристигне во Лондон и да го комплетира враќањето во Тотнем, клубот од каде и замина во Реал Мадрид.