24фудбал

Мурињо: Не знам ништо за Шкендија, но ќе биде опасно во Македонија (ВИДЕО)

Трикратниот македонски првак Шкендија закажа пресметка со гигантот Тотнем во квалификациите од Лига Европа, а со оглед на тоа што се игра еден меч, Мурињо признава дека ситуацијата не е ветувачка дури и за фаворитите.

Македонија

Тотнем се извлече во Бугарија откако со пресврт славеше против Локомотив Пловдив (1-2), а домаќините играа и со двајца играчи помалку на теренот, од друга страна пак, Шкендија славеше минимално во Романија кај Ботошани по што закажа пресметка со Премиерлигашот.

Нема да биде прв пат Жозе Мурињо да дојде во Скопје, а шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот јасно наведе дека ќе треба добро да го анализира македонскиот противник од причина што нема никакво познавање за истиот.

Не ништо околу тој клуб, ќе го анализираме, ќе биде опасно во Македонија, се работи за еден меч, ќе мораме да работиме напорно за да ги оствариме своите цели, но, ни претстои маратон од натпревари, сега пред нас е Саутемптон, па Лејтон, а потоа ќе одиме во Македонија“ рече Португалецот.


За Тотнем претстојниов викенд следи гостувањето кај Саутемптон во рамките на второто коло од Премиерлигата, потоа Лејтон Ориент во Лига Купот на Англија, за веќе на 24. септември да следи гостувањето во Скопје во рамките на третото квалификациско коло за групната фаза од Лига Европа.