24фудбал

Бејл дебито за Тотнем ќе го има во Скопје?

Герет Бејл наскоро ќе го комплетира враќањето во Тотнем, а деби мечот би можел да го има во Скопје на дуелот против Шкендија.

Англија

Во текот на денешниот ден Герет Бејл треба да отпатува во Лондон и да го комплетира трансферот од Реал Мадрид во Тотнем.

Тимот на Мурињо за седум дена треба да одигра четири меча, а на еден од нив ќе дебитира Герет Бејл.

Првата шанса за деби ќе ја има во недела кога Тотнем му гостува на Саутемптон во Премиерлигата, но нејасно е дали дотогаш ќе бидат средени сите детали за Бејл да може да настапи за тимот, и колку би бил подготвен за игра.

Во вторник Тотнем му гостува на Лејтон Ориент во меч од Лига Купот. Тука се очекува Мурињо се очекува да настапи со комбиниран состав.

Многу повеќе внимание Португалецот ќе посвети на мечот со Шкендија бидејќи Лига Европа му е едно од приоритетните натпреварувања оваа сезона. Големи се шансите Бејл токму тука да го има дебито за Тотнем.

Потоа во сабота имаат нов премиерлигашки предизвик, го пречекуваат Њукасл.