24фудбал

Игуаин потпиша за Интер Мајами: Ова е тоа што го барав

Гонзало Игуаин потпиша за клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, тој смета дека ова ќе му биде одлично искуство.

Останато

Откако и официјално се раздели со Јувентус, Игуаин стави потпис на договор со новиот клуб од МЛС, Интер Мајами.

„Најпрво сакам да му заблагодарам на Интер Мајами за напорот кој го направија да ме донесат тука. Сигурен сум дека ова ќе биде прекрасно искуство“, вели Игуаин.

„Ова е тоа што го барав, ново искуство во нова лига и во прекрасен град“.

„Среќен сум што сум тука и што се стана официјално“.