24фудбал

Баерн се навикна да дава по осум гола, овој пат настрада Шалке (ВИДЕО)

Баерн Минхен со фантастична победа од 8-0 над Шалке ја почна новата сезона во Бундеслигата.

Германија

Откако и даде осум гола на Барселона, Баерн Минхен исто толку пати ја тресеше и мрежата на Шалке за моќен старт на новата сезона во германското првенство.

Гнабри се истакна и на овој меч постигнувајќи хет-трик, по еден погодок постигнаа Горецка, Левандовски, Милер, Сане и Мусиала.