24фудбал

Бејл има повреда, нема да настапи во Скопје

Герет Бејл има повреда заработена на настап за Велс, прогнозите велат дека тој еден месец ќе биде надвор од теренот, неговото деби за Тотнем нема да се случи брзо.

Англија

На медицинските прегледи била откриена повреда на Бејл која ја носи од настапите за Велс на почетокот од овој месец.

Се очекува Велшанецот да почека на своето деби за Тотнем уште околу четири недели што значи дека со сигурност нема да допатува во Скопје на дуелот со Шкендија.

Се очекува за време на викендов тој и Регилон да ги комплетираат трансферите во Тотнем.