24фудбал

Два гола на Калид, Вардар загуби во Ѓорче Петров, Работнички се спаси од пораз против Стурга ТЛ

Нов пораз за Вардар во Првта лига, актуалниот шампион со 2-1 загуби на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, Работнички во финишот даде гол за реми со Струга ТЛ од 1-1.

Македонија

Басит Абдул Калид беше херојот на Македонија Ѓорче Петров, тој со два гола ја донесе победата против својот тим.

Резултатот беше отворен уште во втората минута кога Калид за прв пат ја затресе мрежата на Вардар. Но црвено-црните брзо изедначија благодарение на гол на Лазаревиќ.

Пред самиот крај на првото полувреме по една грешка на Величковиќ, Калид го постигна и својот втор гол за победа на Македонија ЃП од 2-1.

Струга Триум Лум беше блиску до победа на гостувањето кај Работнички откако поведе со гол на Цветаноски во 77. минута, но романтичарите погодија преку Тошевски десет на три минути до крајот за конечни 1-1.

Останатите четири натпревари се играат утре, а паровите се: Беласица - Пелистер, Шкендија - Академија Пандев, Шкупи - Ренова, Силекс - Борец.

Фото: ФК Вардар