24фудбал

Чемберлејн би можел во Вулверхемптон

Се чини дека доаѓањето на Тијаго Алкантара во Ливерпул ја затвора сета можност за Чемберлејн да добие на минутажа во новата сезона, тој има можност да се пресели на „Молењу“.

Англија

Вулверхемптон сериозно ја разгледува можноста да се засили со фудбалерот на Ливерпул, Алекс-Окслејд-Чемберлејн, барем според известувањата на „Мирор“.

Сево ова доаѓа по трансферот на Жота од Вулверхемптон во Ливерпул, а големото засилување за шампионот, Тијаго Алкантара од Баерн Минхен речиси ги затвори сите дилеми околу минутажата на Чемберлејн сезонава во составот на Редсите.

На Островот пишуваат дека Ливерпул посакува да придобие што е можно повеќе од евентуалната продажба на 27 годишниот фудбалер кој на „Енфилд“ дојде пред три години од Арсенал за 25 милиони фунти, токму потрошеното на него, сакаат во голем дел да „оправдаат“ од оваа можна продажба.