24фудбал

Лестер се засили со Ченгиз Ундер

23 годишниот турски интернационалец постигна 17 погодоци во 88 настапи за „Римската волчица“, пред него сега е нов, голем предизвик, со тоа што ќе биде дел од Премиерлигата.

Англија

Лестер и официјално го доведе Ченгиз Ундер од Рома на едногодишна позајмица со опција и целосно да го откупи неговиот договор со Рома идното лето.

Извесен период траеа преговорите помеѓу обата клуба, меѓутоа истите дојдоа до краток застој поради неможноста Лестер и Рома да се договорат околу тоа дали воопшто да има опција за целосен откуп на договорот на Турчинот.

Лестер на крајот од сезоната ќе има можност да го добие Ундер во целост за сума од околу 22 милиони фунти, а што се однесува пак до позајмицата, таа „Лисиците“ ги чини 2.7 милиони фунти.

Се верува дека од Рома притискале Лестер да има обврзаност да го откупи во целост договорот на Ундер по крајот на позајмицата, меѓутоа, тој услов на крајот не бил усогласен помеѓу двете страни.

Кога сме веќе кај Лестер, на Островот наведуваат дека клубот од „Кинг Пауер“ и натаму не отстапува од идејата да го ангажира дефанзивецот од Барнли, Џејмс Тарковски, кој е доста ценет во Премиерлигата на својата позиција.