24фудбал

Вернер објасни зошто го одби Ливерпул и на крајот потпиша за Челси

Германецот својата ситуација ја спореди со онаа на Мане и Салах од претходно пред да потпишат за Ливерпул, јасно наведе што посакува од трансферот во Челси.

Англија

Големото засилување за Челси во новата сезона, Тимо Вернер објасни зошто го одбил Ливерпул во преодниот рок, инсистирајќи на тоа дека има цел да игра на нивото на Садио Мане, Мохамед Салах и Роберто Фирмино.

Сметам дека самото тоа што Јирген Клоп е еден од најдобрите и најуспешните тренери во светот на фудбалот доволно говори, секако, доколку тој ве посакува во неговиот тим, ќе почнете сериозно да размислувате на таа тема“ вели 24 годишниот Германец запрашан зошто ја одбил можноста да потпише за шампионот на Англија.

Во изминатите неколку месеци, започнав да размислувам и за останатите интересни клубови кои беа заинтересирани за мене, на крајот потпишав за Челси, со целосно убедување во себе бидејќи сметам дека овој потег е најдобар за мене, воопшто не се двоумев во оваа одлука, сигурно така ќе остане и во иднина“ додава напаѓачот.

Морав да ја донесам најдобрата одлука за себе, во Челси, видов голем потенцијал, увидов дека можам да играм регуларно, со овој проект можам уште повеќе да се развијам, ова е можност која воедно и Мане и Салах ја видоа пред три или четири години во Ливерпул, и тие исто така отидоа во тој клуб за да се развијат во тоа што се денеска, токму таква е мојата ситуација денеска“ заклучи екс напаѓачот на Лајпциг.

Денеска со почеток од 18,30 часот се игра дербито на второто коло во Премиерлигата, каде се среќаваат Челси и Ливерпул.