24фудбал

ПСЖ почна преговори за Деле Али

Фудбалерот е во милост и немилост кај Жозе Мурињо откако денеска по втор пат е изоставен во составот на Тотнем, а веќе и повеќе од јасно е дека за него нема иднина во клубот од Лондон.

Франција

24 годишниот Деле Али денеска е повторно изоставен од составот на Тотнем за гостинската пресметка кај Саутемптон во второто коло од Премиерлигата, по втор пат во само една седмица откако беше изоставен и за мечот со Локомотив Пловдив во Лига Европа.

„Телеграф“ извести дека францускиот првак ПСЖ веќе почнал преговори за потписот на Али, фудбалер за кого клубот од Париз од поодамна пријавува желба да го ангажира, па постои голема веројатност дека овој трансфер ќе се реализира, барем по последните случувања.

Тотнем сигурно нема туку-така лесно да се ослободи од Деле Али кој инаку има договор со Премиерлигашот до 2024. година, а весникот на оваа тема додава дека барем засега не е јасно дали станува збор за позајмица со опција за целосен откуп на договорот, или генерален трансфер.