24фудбал

Марка: Денот кога Зидан и Бејл декларираа војна

Конечно заврши сапуницата околу Герет Бејл, Велшанецот си замина од Реал Мадрид и се врати во Тотнем, на позајмица, па сега медиумите „копаат“ по минатото за да утврдат како почнаа несогласувањата помеѓу Зидан и Бејл.

Шпанија

Веројатно добро се сеќавате на финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2017/18, кое се одржа во Киев, а на кое силите ги одмерија Реал Мадрид и Ливерпул.

Беше тоа незаборавна вечер за Герет Бејл, јасно е дека Велшанецот имаше повеќе клучни ситуации во дресот на „Кралевите“ кои донесоа голем успех за тој клуб, а таа вечер беше посебна.

Бејл финалето го почна на клупата за резерви, Иско доби предност, во игра на мечот влезе во 61. минута токму на местото на Иско и погоди по само три минути игра за водство на Реал Мадрид од 2-1, за во 83. минута да ги постави конечните 3-1.

Не постоеше солуција за решавање на односите кои во целост се нарушија на 26. мај во 2018. година, ноќта кога Зидан укажа целосна доверба кон Иско за финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул во Киев“ пишува „Марка“.

Бејл почна на клупата за резерви во Киев и експлодираше кога беше уфрлен во игра, со спектакуларна мајсторија, а по мечот јасно наведе дека доколку не игра, ќе си замине од клубот“ додава весникот за клучниот момент кога почна војната помеѓу Зинедин Зидан и Герет Бејл.

Како што е познато, и самиот Зидан најпрво јавно посочи дека Бејл не му е потребен, за по извесен период францускиот фудбалски стратег целосно да го промени својот став и да наведе дека Велшанецот му е потребен, но веќе беше доцна.

Што се однесува на враќањето на Бејл во Тотнем, истото е на позајмица, а се шпекулира дека за истата Тотнем издвоил 20 милиони фунти, сума со која ќе биде покриена дел од неговата плата, а воедно и одреден дел ќе оди во касата на Реал Мадрид.