24фудбал

Елмас и Наполи тргнаа со победа во новата сезона (ВИДЕО)

Наполи со 2-0 победи на гостувањето кај Парма, Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од натпреварот, скапото засилување Осимен покажа дека ќе биде многу значаен дел од тимот на Гатузо.

Италија

Наполи еден час се мачеше да го скрши отпорот на Парма, во тој период тешко создаваше шанси, но работите се променија во 61. минута кога Осимен влезе во игра.

Тој е најскапиот играч кој го има купено Наполи, неговиот трансфер може да достигне до 80 милиони евра и покажа зошто е така.

Веднаш ја раздвижи играта на Наполи, неколку пати ја измести одбраната на Парма и резултат на тоа беа головите на Мертенс и Инсиње со кои победија со 2-0.

Елиф Елмас од клупата го почна натпреварот, во игра влезе во 84. минута на местото од Руиз.