24фудбал

Кејн и Сон испишаа историја во Премиерлигата, Тотнем убедлив против Саутемптон (ВИДЕО)

Шоу на Кејн и Сон, Тотнем со 5-2 го победи Саутемптон, тимот на Мурињо влегува во форма пред мечот со Шкендија.

Англија

Чудесен натпревар на Сент Мерис, тоа што го направија Кејн и Сон никогаш порано не се случило во Премиерлигата.

Хари Кејн четири пати му асистираше за гол на Сон. Досега не се случило на еден натпревар во Премиерлигата еден фудбалер четирипати да му асистира на друг.

Кејн даде гол уште во третата минута, но му го поништија поради офсајд на Сон. Во текот на првиот дел имаше уште по еден поништен гол и на двете страни.

Саутемптон поведе со гол на Ингс во 32. минута од мечот, а шоуто на Кејн и Сон почна во финишот од првото полувреме.

Во 45. минута Кејн му асистираше на Сон за гол, истото се случи и во 47., 64, и 73. минута за водство на Тотнем од 4-1.

Во 82. минута и самиот Хари Кејн се запиша во листата на стрелците за водство од 5-1. Во 90. минута Ингс од пенал ги постави конечните 5-2.