24фудбал

Пандев во голем стил ја почнува новата сезона, мајсторски гол против Кротоне (ВИДЕО)

Горан Пандев со прекрасен лоб удар донесе водство на Џенова од 2-0 против Кротоне.

Италија

Пандев го стартуваше мечот за Џенова против Кротоне и во десетата минута направи магичен потег. Излезе сам пред голот на Кротоне и мајсторски го лобуваше голманот Кордаз за водство на неговиот тим од 2-0. Македонецот учествуваше и во акцијата за првиот погодок.