24фудбал

Пандев со гол и победа тргна во новата сезона од Серија А (ВИДЕО)

Горан Пандев го постигна 95. гол во Серија А и помогна Џенова да забележи убедлива победа од 4-1 над Кротоне на стартот од новата сезона.

Италија

Пандев имаше одлично отварање на новата сезона во Серија А, македонскиот репрезентативец постигна убав гол.

Резултатот беше отворен уште во шестата минута кога Дестро погоди за 1-0, Горан Пандев учествуваше во акцијата за голот, а три минути подоцна и самиот тој со прекрасен лоб зголеми на 2-0.

Во 28. минута Кротоне преку Ривиера успеа да намали на 2-1 и да се врати во игра, но следуваа минути за новите засилувања на Џенова.

Најпрво Запакоста во 34. минута зголеми на 3-1, а потоа Пјаца во 75. кој претходно влезе на местото од Пандев ги постави конечните 4-1.