24фудбал

Шкендија со победа над Академија Пандев се загреа за Тотнем

Фудбалерите на Шкендија победнички си ја завршија домашната задача против Академија Пандев иако со мислите се на дуелот кој треба да се одигра во четврток против Академија Пандев.

Македонија

Шкендија со 2-1 ја совлада екипата на Академија Пандев и остана на лидерската позиција на табелата.

Бесарт Ибраими беше стрелец на двата гола, по еден во првото и второто полувреме. Почесниот погодок за гостите беше дело на Сашко Пандев на десет минути до крајот.

Супер интересно беше на мечот меѓу Шкупи и Ренова на кој имаше дури седум голови, домаќините победија со 4-3.

Мечот беше отворен уште во првата минута со гол на Дарбо Дембо, Велија израмни веќе во петтата. Во 33. Бериша го враи водството, но Шала пред крајот на првиот дел погоди за 2-2.

Велиу во 65. минута погоди за комплетен пресврт и предноста на Ренова од 3-2, но седум минути подоцна Јусуфи израмни на 3-3, а Бианор во петтата минута од судиското продолжение ја донесе победата за Шкупи од 4-3.

Силекс влезе како фаворит во дуелот со Борец, но велешкиот тим со три бода си замина од Кратово откако победи со 2-1.

Грозадноски во 21. минута му донесе водство на Силекс кое траеше до 63. минута кога Стоименовски изедначи на 1-1. Ѓорѓиев во 90. минута ја донесе победата за Борец.

Беласица го забележа и шесттиот пораз, на свој терен загуби од Пелистер со 2-0, Нето и Фазлиу беа стрелци на головите.

По шест одиграни кола Шкендија е прва со 14 бодови, еден повеќе од Шкупи, трет е Борец со 11 бодови, по 10 имаа Силекс и Македонија Ѓорче Петров, а по 9 Работнички и Пелистер. Струга Трим Лум е прва над опасната зона со 8 бода. Вардар е деветти со 7 бода, Ренова има 5, Академија Пандев 3, а Беласица нема бодови.