24фудбал

Два гола на Мане за три бода на Ливерпул од Стемфорд Бриџ, Челси не функционира како што сакаат фановите (ВИДЕО)

Ливерпул ја забележа и втората победа оваа сезона откако со 2-0 славеше во дербито против Челси кое се играше на Стемфорд Бриџ во Лондон.

Англија

Челси беше најактивен во преодниот рок, па очекувањата се големи, но тимот на Лампард не стартува најдобро. Победата во првото коло беше изборена со бледа игра, а таква беше и денеска, но за противник овој пат го имаа Ливерпул кој не простува во таква ситуација.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 45. минута, кога Кристенсен како последен играч во одбраната направи фаул врз Салах и заработи директен црвен картон.

Ливерпул знаејќи дека има играч повеќе на теренот силно нападна во второто полувреме и головите брзо дојдоа.

Најпрво во 50. минута по асистенција од Фирмино, Мане даде гол за водство на Ливерпул од 1-0.

Четири минути подоцна катастрофална грешка на Кепа Аризабалага која ја користи Мане за негов втор гол и предност на Ливерпул од 2-0.

Челси на 15 минути пред крајот имаше идеална шанса да се врати во игра, Тиаго Алкантара го собори Вернер во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, но Алисон му го одбрани ударот на Жоржињо и резултатот остана непроменет.

До крајот на мечот Ливерпул можеше да постигне уште некој гол, но Кепа не дозволи и по трет пат да се тресе неговата мрежа, Челси изгледаше немоќно со фудбалер помалку.