24фудбал

Суарез одбил 7 милиони евра за да си оди од Барселона, Уругваецот бара двојно повеќе

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Луис Суарез го одбил последниот предлог на Барселона за прекин на соработката, „каталонците“ му понудиле 7 милиони евра и одврзани раце да си најде нов клуб.

Шпанија

Барселона и Луис Суарез никако да се договорат за разделба, Уругваецот го одбил и последниот предлог на „каталонците“.

Како што пишуваат медиумите од Шпанија, Барса на Луис Суарез му понудила 7 милиони евра (половина од платата за оваа сезона) како и одврзани раце да си најде нов клуб.

Сепак, напаѓачот експресно кажал НЕ и бара во целост да му биде исплатена последната година од договорот, односно 14 милиони евра.

Раководството на Барса смета дека понудата од 7 милиони евра е фер и правична, па стравуваат дека Луис Суарез сака по секоја цена да остане и затоа го одбил нивниот предлог.