24фудбал

Затоа е далеку пред другите: Кулушевски открива што му кажал Кристијано Роналдо на 2-0

Не случајно Кристијано Роналдо е долго време на врвот и далеку пред другите, Дејан Кулушевски открива дека Португалецот на 2-0 против Сампдорија бил гладен за голови и му кажал да продолжи да притиска и да напаѓа.

Италија

ЦР7, заедно со Лео Меси, е најдобар фудбалер на денешницата и еден од најдобарите во историјата. Португалецот и на 35 години продолжува да игра на врвно ниво, но ништо не е случјано. Покрај тоа што до детаљ внимава на својата физичка подготвеност, Кристијано Роналдо има и голем победнички менталитет.

Дејан Кулушевски открива разговор со Кристијано Роналдо при водство од 2-0 на Јувентус против Сампдорија во финишот од мечот. Иако било јасно дека Јувентус ќе победи, ЦР7 бил гладен за голови и барал од Македонецот да продолжи да притиска и да напаѓа.

„Кристијано е фантастичен, имам среќа што го имам за соиграч. Кога водевме со 2-0, постојано ми велеше да продолжам да притискам, да продолжам да напаѓам, беше гладен за голови, сакаше да падне нов гол“ – рече Кулушевски по крајот на натпреварот.

Ваквиот пристап вроди со плод, во последните минути од средбата, Роналдо доби топка во фор од Ремзи и погоди за 3-0.

Дејан Кулушевски, кој го отвори резултатот во 13. минута, додава: „Извонредна вечер. Не беше лесно но освоивме три бода. Мило ми е што постигнав гол уште на првиот натпревар, повеќе нема да му ја мислам кога ќе пристигне мојот деби погодок“.