24фудбал

Најдобриот фудбалер на Косово има ковид-19, неизвесен е за дуелот со Македонија!

Голем проблем за косовската репрезентација на две недели пред дуелот со Македонија, нивниот најдобар фудбалер Ведат Муриќи има коронавирус.

Македонија

Новото засилување на Лацио, Ведат Муриќи е позитивен на ковид-19, пренесуваат италијанските медиуми.

26-годишниот фудбалер кој ова лето од Фенербахче потпиша за Лацио за 19 милиони евра, во моментов е во Истанбул каде што ќе остане до два негативни теста. Тој е асимптоматичен.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра на 8. октомври, реални се шансите Муриќи да биде способен за настап до тој датум, но во овој момент тој е неизвесен, а Косово има причина за загриженост.